Расел: Нема тензија меѓу мене и Хамилтон

Џорџ Расел конечно ja имаше своjата деби победа за Мерцедес во 2022 година. Во Бразил тој славеше тргнувајќи ја трката од првото место, а по таа трка говереше и за неговата врска со Луис Хамилтон.

Расел може да биде само третиот клупски колега на Хамилтон кој имал повеќе поени од него во една сезона. Тоа се случи претходно во 2011 година со Џенсон Батон и во 2016 година со Ник Розберг. Сепак, со оглед на тоа што Мерцедес беше доста лош оваа сезона, Расел и Хамилтон немаа ривалство како што имаше Луис претходно, особено со Розберг.

„Одлично е што ние двајца изградивме добри односи заедно и го туркаме тимот во иста насока. Никогаш немаше тензија меѓу нас. Знаеме дека и двајцата сакаме победим. Не сме заинтересирани да се бориме за петто или шесто место. Минатиот викенд е тој што го посакуваме“, изјави Џорџ Расел пред последната трка годинава во Абу Даби.

Се вчитува...