Расел: Способен сум за големи нешта (ВИДЕО)

Овој викенд најбрзото натпреварување во светот се враќа во етерот со ГН на Бахраин. Една од младите надежи на Форума 1, Џорџ Расел пред почетокот на сезоната говореше за желбата да се бори за титула и болид кој би бил адекватен за остварување на целта.

Возачот на Вилијамс минатата година токму на трката за ГН на Бахраин доби шанса да вози во Мерцес на местото на Луис Хамилтон кој имаше проблеми со коронавирусот. Британецот беше одличен на патеката, а до триумф не стигна само поради грешка на тимот во пит спотот.

„Покажав тогаш дека и под голем притисок може да одработам добра трка. Видов како е да си на чело на трката. Верувам во себе, верувам дека сум способен за големи нешта. Не сум потполно подготвен, имам голем простор за напредок, но дефинитивно мислам дека сум способен да победувам и да се борам за титула. Најбитно е да најдам тим и автомобил кој ќе ми даде најдобра прилика за тоа“, изјави Расел.

Се вчитува...