Рашфорд го носи Јунајтед кон финалето во Стокхолм

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е на чекор до пласман во финалето на Лигата на Европа откако славеше со 0-1 на гостувањето во Шпанија, во првиот полуфинален меч против Селта. Маркус Рашфорд со фантастичен гол од слободен удар му донесе триумф на тимот на Жозе Мурињо, а работата англискиот тим ќе треба да ја дозаврши дома, на „Олд трафорд“ во реваншот.

Селта имаше свои шанси преку Даниел Вас, Иаго Аспас и Пионе Систо, но Јунајтед може да жали зошто не победи поубедливо. Мхитарјан, Лингард, Погба имаа убави можности, но, сепак, единствено Рашфорд погоди на вистинското место.

0-1 Marcus Rashford Goal 04.05.2017 HD by dailyfootballkick

Се вчитува...