Рашфорд останува на „Олд Трафорд“ до 2025 година

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед успеа да го убеди репрезентативецот на гордиот Албион, Маркус Рашфорд, да го продолжи договорот со клубот. Раководството му понуди продолжување на соработката до 2025 година и само мали детали го делат Рашфорд од потпис на новиот договор, според кој ќе заработува тројно повеќе. Актуелниот договор на напаѓачот истекува на 30 јуни 2020 година, а тој е цел на европскиот првак Реал Мадрид. Сепак, Јунајтед нема лесно да се откаже од својата млада ѕвезда.

Раководството на Манчестер Јунајтед е фокусирано и на преговорите со шпанскиот голман Давид Де Хеа. И тој би можел да си замине како слободен агент до јуни 2020 година, а клубот посакува уште долго да го задржи на Театарот на соништата.

Се вчитува...