Рашфорд потпишува нов четиригодишен договор со Јунајтед

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд ги договори условите со раководството на Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката. Тој ќе потпише нов четиригодишен договор со кој ќе се обврзе да остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година, а ќе заработува по 200.000 фунти неделно.

Напаѓачот подолг период преговараше за нов договор, неговиот агент побара седмична плата од 300.000 фунти, но, сепак ќе мора да се задоволи и со помалку. Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона ја чекаа разврската од разговорите, меѓутоа раководството на Јунајтед не дозволува да го загуби талентираниот напаѓач.

Се вчитува...