Рашфорд за да остане на „Олд Трафорд“ ќе добие договор каков што имаше Вејн Руни

Младата англиска ѕвезда Маркус Рашфорд најверојатно ќе остане на „Олд Трафорд“ и во наредните пет години, иако за него постои интерес и од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Раководството на Манчестер Јунајтед на барање на менаџерот Оле Гунар Солскјер му подготвува фантастичен договор.

Во наредните пет години, доколку стави потпис за нова соработка, Маркус Рашфорд ќе заработи 78 милиони фунти. Односно, ќе има неделна плата од 300.000 фунти, услови кои ги имаше Вејн Руни во 2017 година, пред да замине од клубот. Во моментот, Маркус Рашфорд заработува 80.000 фунти неделно.

Се вчитува...