Расистичкиот пречек го расипува трансферот на Малком во Зенит

Зенит ќе проба да го продаде Малком веќе во јануари тврдат дел од светските медуми откако клубот се соочи со жестока реакција на навивачите кои не го прифаќаат новото засилување. На дебито на Малком за Зенит, фановите имаа транспарент со кој се изразува негодување за тоа што рускиот тим ја напуштил традицијата и практиката.

„Не сме расисти, но отсуството на црномурести играч во нашиот клуб е традиција. Ангажирањето на вакви играчи може да има само контраефект“ – се вели во дел од манифестот на навивачите на Зенит.

Зенит до 2012 година беше едниствениот руски клуб во кој немаше црномурести фудбалери. Тогаш во клубот дојдоа Хулк и Аксел Витсел. И тогаш навивачите реагираа. На стадионот на Зенит се случи и расистичкиот инцидент за време на Светското првенство минатото лето. Тогаш со расистички извици беа пречекани Пол Погба и Осман Дембеле.

Малком во Зенит дојде од Барселона во трансфер вреден 50 милиони евра.

Се вчитува...