„Расизмот е зло затоа мора да се зборува за него“

Дефанзивецот на Калјари, Фабио Писакане уште еднаш предупреди на проблемот со расизмот, кој веќе долго време постои во италијанскиот фудбал. Фудбалерите со потекло од африканскиот континент често се на удар на италијанските навивачи, а Писакане смета дека не смее да престане борбата против едно од најголемите зла на светот.

„Се додека зборуваме за тоа, ќе даваме важност на проблемот. Мораме да продолжиме, дури и ако им станеме здодевни на луѓето. Територијалната дискриминација и расизмот се зло на фудбалот“, изјави Писакане. 

Еден од фудбалерите кој е на удар на расистички навреди е членот на Бреша, Марио Балотели, а со слични проблеми се соочи и Ромелу Лукаку од Интер.

Се вчитува...