Распад-систем во Реал: Азар повторно се повреди, пораз од Алавес (ВИДЕО)

И трет пораз сезонава за Реал Мадрид во Ла Лига, во уште еден разочарувачки натпревар на домашен терен. „Кралевите“ овој пат во 10. коло загубија со 1-2 од Алавес.

Алавес до 49.минута имаше предност од 0-2, а Реал единствено преку Кашемиро во 86. минута успеа да го ублажи поразот.

 

Да биде уште полошо за мадридскиот клуб, во 28. минута се повреди и Азар кој принудно беше заменет со Родриго.

Се вчитува...