Распоред Суперлига: Веднаш на стартот дерби меѓу ГРК Охрид и Е. Пелистер

Новата ракометна сезона 2026/27 во македонската Суперлига ќе започне со спектакуларно дерби уште во воведното коло. Денешната ждрепка донесе возбудлив судир во кој освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид, на домашен терен ќе го пречека вицешампионот Е. Пелистер.

Љубителите на ракометот веднаш ќе сведочат на пресметка меѓу два тима со највисоки амбиции за врвот. Од останатите натпревари во првата рунда, актуелниот шампион Вардар ја започнува одбраната на титулата пред домашната публика против Е. Пелистер 2. Во исто време, тимот на Алкалоид ќе ги одмери силите на домашен терен против својот втор тим Мулти Есенс.

Првото коло ќе се одигра првиот викенд во септември.

Прво коло Суперлига:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Алкалоид – Мулти Есенс

Се вчитува...