Распродадена „Герена“ во Софија: Шкупи ќе игра пред 30.000 со Левски

Шкупи ќе игра пред 30.000 загреани навивачи на Левски на реванш дуелот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Како што објавија бугарските медиуми, комплетно е распродаден стадионот „Ѓорѓи Аспарухов“, популарната „Герена“, за натпреварот кој ќе се игра во четврток во Софија. Македонскиот тим дуелот го очекува со негатива од 0-2 откако Левски победи на првата меѓусебна пресметка во Скопје.

На натпреварот, за разлика од Скопје, нема да има навивачи на Шкупи поради инцидентите кои се случија во главниот македонски град кога беше избоден со нож еден навивач на Левски додека минувал низ Чаир, а беа уапсени и 19 бугарски навивачи поради инциденти кои ги приредија на арената „Тодор Проески“ пред почетокот на натпреварот.

Се вчитува...