Партизан стана хит на европскиот ракометен пазар оваа пролет, а доаѓањето на шпанскиот тренер Раул Гонзалез на клупата јасно покажа дека црно-белите планираат да играат во Лигата на шампионите од септември.
Тимот е речиси комплетиран со осум нови играчи, меѓу кои и четворица странци: австрискиот пивотмен Тобијас Вагнер, белорускиот лев бек Владислав Кулеш, израелскиот централен бек Јоав Лумбросо и шпанскот лево крило Мигел Санчез Мигалон.
Сепак, во Хумска се уште бараат врвен голман. По заминувањето на Никола Зориќ, Партизан остана со Андреј Трнавац, но како што дознава „Моцарт Спорт“, преговорите се во тек со данскиот ас Јаник Грин.
Доколку трансферот се реализира, тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на српскиот ракомет. Голманот со олимпиското злато од Рио 2016, две злата од Светските првенства (2019, 2025) и богата кариера во Магдебург и Пари Сен Жермен би можел да го носи црно-белиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
