ЕКИПА во Клуж,
Билјана Б. Петрушева
Чави Пасквал ја загуби шпанската битка со Раул Гонзалес, па тренерот на Барселона реши да се повлече од функцијата селектор на романската репрезентација. Откако не успеа да ги одведе Романците на ниту едно големо натпреварување, Пасквал на прес-конференцијата по денешниот дуел со Македонија обелодени дека се повлекува од селекторската функција.
“Го обновив договорот со Барселона и ќе продолжам да работам таму. Бидејќи ќе имам обврски и во репрезентацијата и во клубот, нема да можам да ги извршувам понатаму и двете функции. Имам само пофални зборови на играчите и на сите вклучени. Можеби ракометарите ги немаат резултатите кои сите ги очекуваат, но земјата е горда на нив. Им благодарам и на сите од мојот стручен штаб, бидејќи не е лесно да се работи со мене. Луѓето од Федерацијата знаат дека можат да продолжат да сметаат на помош од мене. Благодарност и за мојот клуб, кој ми дозволи да го имам ова искуство. Благодарност на сите Романци, останете силни, направивте и јас да се чувствувам како Романец. Мене ми е тешко што се повлекувам“ – изјави Пасквал по денешната минимална победа над Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА