Раул наздрави со пиво! – На уште едно Светско му кажавме „здраво-живо“! (ФОТО)

Му олесни и на селекторот Раул Гонзалес по завршувањето на дуелот со Романија по кој Македонија обезбеди пласман на СП 2019.  „Ел команданте“ рече дека беше многу тешко, а потоа, во празната сала на раат, наздрави со пиво со својот помошник Роберто Гарсија Парондо и со директорот на репрезентацијата, Милчо Чакарески.

На здравје за СП! На уште еден Мундијал му кажавме „здраво-живо“… Со што, ако не со пиво!?

Се вчитува...