Раул: Не беше лесно како што изгледаше…

ЕКИПА во Клуж,

Билјана Б. Петрушева

Селекторот Раул Гонзалес има причина да биде задоволен од настапот на Македонија, откако нашите ракометари без оглед на минималниот пораз во Клуж ја елиминираа Романија и се пласираа на СП 2019.

„Изгледа дека беше лесно, но верувајте дека не беше така. Постоеше притисок, но мислам дека ние во текот на целиот натпревар ја контролиравме ситуацијата. Добро почнавме, имавме убава предност на стартот, потоа се враќавме од негативата и не дозволивме неизвесен финиш. Тие влегуваа во серии, но тоа е нормално кога станува збор за селекција што нема што да загуби и реагира брзо во нападот. Знаевме дека ќе играат „седум на шест“, одговоривме на таа нивна игра, Борко бранеше добро и ја завршивме задачата што беше пред нас. Играчите се однесуваа супер, беа фокусирани кога беше најважно. Ние ќе играме на СП бидејќи бевме подобри од Романија, тоа е сигурно“ – изјави шпанскиот „командант“ на чело на македонската ракометна армија.

Се вчитува...