Раул нема што да менува кога се победува

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонија на денешниот натпревар од 14 часот против Бахреин ќе настапи со истиот состав како и на премиерниот меч од СП 2019 против Јапонија.

Сосема очекувана одлука донесена од Раул Гонзалес, со оглед на доброто издание и убедливата победа над „самураите“, настап што се очекува да се повтори и попладнево на дуелот со Бахреин.

Ова значи дека Ристовски и Митревски остануваат голмани и за денешната средба, која Даскалоски повторно ќе ја следи од трибините на „Олимпија Хале“. Друштво на искусниот чувар на мрежата ќе му прави младиот пивот Лазаревски.

Се вчитува...