Раул по ждребот: Епитетот европски првак носи притисок

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, со огромен респект гледа кон сите противници со кои „црвено-црните“ ќе се сретнат во групната фаза од Лигата на шампионите. Воедно, тој потенцираше дека клучно за „вардарци“ ќе биде македонскиот првак да се носи со епитетот европски шампион, кој сигурно ќе биде мотив повеќе за сите противници кога ќе играат против Вардар.

Мислам дека ќе биде извонредна сезона бидејќи сите екипи со кои ќе играме се многу добри и на одлично ниво, и доколку сакаме да имаме шанса мораме да играме добро. Сега незнаме како ќе биде, но сигурно доста тешко, особено надвор од Скопје. Ние сме европските прваци и знаеме дека ќе имаме притисок, а тоа ќе биде ново за нас” – изјави Раул Гонзалес по ждребот во Љубљана.

Вардар за противници во групата ги доби Барселона, Некар Левен, Пик Сегед, Загреб, Висла Плоцк, Кристијанштад и Нант. Првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите стартува на 13 септември.

Се вчитува...