Раул зборува и течен француски: Засекогаш ќе му бидам благодарен на Вардар (видео)

Раул Гонзалес по завршувањето на летните обврски кон македонската репрезентација замина за Париз, каде го имаше и своето прво интервју како тренер на ПСЖ. Шпанскиот стратег ги водеше тајмаутите на Вардар на македонски јазик, а дека е полиглот потврди и во ова интервју, во кое првиот дел говореше на течен француски јазик.

„Среќен сум што сум овде во Париз. Имам на располагање одлични ракометари, сигурно дека ќе треба сите да работиме напорно, но верувам дека сите заедно можеме да завршиме добра работа во ПСЖ“ – истакна Гонзалес.

Потоа интервјуто продолжува на англиски јазик, а „ел команданте“ се навраќа на одличните моменти минати како тренерот на Вардар.

„Се беше перфектно во Вардар и засекогаш ќе му бидам благодарен на овој клуб. Бев многу среќен, но кога ќе дојде понуда од клуб како ПСЖ мора добро да се размисли. На крајот прифатив“ – истакна Раул Гонзалес.

 

Се вчитува...