Разделба меѓу Блокотехна и Синиша Аврамовски

Синиша Аврамовски повеќе не е член на Блокотехна, по спогодбениот раскин на договорот меѓу искусниот центар и амбициозниот клуб од Гевгелија. Тој му се приклучи на овој проект од самиот почеток, настапувајќи за Радовиш и помагајќи во влезот во елитното друштво, по што постоеше договор за соработка до крајот на овој месец, со можност за преговори за продолжување на истата до крајот на сезонава.

Двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик за Аврамовски да остане дел од Блокотехна, по што тој пред денешниот тренинг се поздравил со соиграчите и се вратил назад во Скопје.

За очекување е искусниот центар во следниот период да потпише договор со друг македонски прволигаш, додека Блокотехна најверојатно нема да донесе нов играч за борбата под обрачите, каде тренерот Илиевски за прва опција ги има Мијатовиќ и Казарновски.

Се вчитува...