Разделба низ солзи, Тоти со топка до навивачите: Ќе ми недостигате (видео)

Франческо Тоти низ солзи се прости од верните навивачи на Рома, заблагодарувајќи им се за поддршката во изминатите 25 години во кои го носеше дресот на „волчицата“.

Капитенот последната порака, „Ќе ми недостигате“, ја испрати напишана на фудбалска топка, што потоа силно ја шутна кон трибината од најверните тифози на „римската волчица“.

Емотивно е вечерва во Рим, и тоа со право, бидејќи не само „вечниот град“, туку и италијанскиот фудбал севкупно останува без еден од своите великани.

Francesco Totti Retirement Ceremony by ZidaneHD

Се вчитува...