„Разговарав со Сала пред летот, утрото кога ја чув веста бев шокиран“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Кардиф, Фабио да Силва откри дека бил еден од последните луѓе кои разговарале со Емилијано Сала пред несреќата. Аргентинскиот фудбалер почина во јануари 2019 година во авионска несреќа кога од Нант замина за Велс каде требаше да потпише договор со Кардиф.

„Требаше да полета и почна да се распрашува каков е животот во Кардиф. Му реков да ми се јави ако му е потребно било што. Утрото станав и бев шокиран кога ја чув веста. Ме прaша за навивачите, клубот, беше вистински професионалец. Бев многу среќен поради него, одличен карактер беше и знаев навивачите ќе го засакаат. Уверен сум дека тој потпис беше еден од најубавите во неговиот живот. Играше фудбал на животот и во секунда се се изгуби“, изјави Фабио. 

Фабио во моментов е член на Нант, а претходно покрај за Јунајтед и Кардиф беше дел и од Квинс Парк Ренџерс и Миделзборо.

Се вчитува...