РАЗИГРАНА ШКЕНДИЈА: Хелсинки на колена пред Бесарт Ибраими! (видео)

Тетовска Шкендија има предност од 3-1 по првиот натпревар против Хелсинки во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа. „Црвено-црните“ комплетно доминираа на мечот на стадионот „Младост“ во Струмица сосема заслужено стигнувајќи до триумф со пресврт кој носи сериозни надежи за елиминација на Финците.

Шкендија триумфираше благодарение на хет-трикот на Бесарт Ибраими кој одличната своја партија можеше да ја дополни и со уште два гола доколку гредата од голот на Хелсинки не спречеше радост за македонскиот тим.

Тетовци и покрај тоталната доминација останаа само со само 1-1 по првите 45 минути. Одлично се почна мечот со шансата на Ферхан Хасани во 3. минута. Активната игра продолжи, за да во 13. минута Бесарт Ибраими со одличен шут ја погоди гредата од голот на гостите.

Во 17. минута и Стенио Жуниор се најде во одлична позиција но не реализираше, за да во 21. минута гостинскиот голман го одбрани ударот и на Арменд Алими од 16 метри. Проблем за Шкендија се јави од 25. минута кога поради повреда принудно беше заменет Мевљан Мурати, а на негово место во игра влезе Челиковиќ, но сето тоа не остави трага во играта на домашните.

И, откако не беа искористени шанси за „црвено-црните“, следеше казната на спротивната страна. Во 35. минута по нафрлањето од корнер од левата страна, во мешаницата пред голот на Захов најдобро се снајде Осман Јалов кој од непосредна близина погоди за водство од 0-1…

Goal Jallow O (1:0) Shkendija vs HJK Helsinki by ylberenexhipi

Шкендија веднаш тргна по израмнување. Во 37. минута во убава можност се најде и Стефан Вујчиќ но не успеа да реализира, па во 45. минута следеше пенал врз Марјан Радески. Ударот од белата точка успешно го реализираше Бесарт Ибраими…

Penalty Goal Ibraimi B. (1:1) Shkendija vs HJK… by ylberenexhipi

Во второто полувреме со  нови два погодоци за само пет минути, во 59. и во 64. минута, Бесарт Ибраими донесе водство за Шкендија и од 3-1.

Ибраими најпрво погоди за 2-1 во 59. минута по асистенцијата на Ферхан Хасани…

Shkendija (Mac) 2-1 HJK (Fin) 13.07.2017 by Football–Live

Потоа, офанзивецот на тетовци и вторпат од пенал погоди во 64. минута за водство од 3-1…

Besart Ibraimi GOAL HD – Shkendija (Mac) 3… by 87taras

Феноменалната своја партија, Бесарт Ибраими можеше да ја заокружи и со уште некој погодок до крајот. Најпрво гостинскиот голман спречи нов негов погодок во 69. минута, а потоа во 71. минута Ибраими и вторпат на мечот ја погоди гредата од голот на Хелсинки.

Во продолжението Вујчиќ и Хасани имаа обиди за погодок, кои им беа блокирани од гостинската одбрана, па до крајот се остана на триумфот од 3-1 за Шкендија кој носи сериозни надежи за пласман во следната рунда натпревари на европската сцена.

ЛИГА ЕВРОПА – 2. квалификациско коло (Прв меч)

ШКЕНДИЈА – ХЕЛСИНКИ (ФИН) 3-1 (1-1)

Стадион „Младост“ во Струмица: Гледачи: 2.000. Главен судија: Маркус Хаметер (Австрија). Стрелци: Ибраими 45′(п),59′,64′(п) (Ш); Јалов 35′ (Х). Црвен картон: Партонен 63′ (Х).

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Бејтулаи, Цуцули, Мурати (25′ Челиковиќ), Вујчиќ, Алими, Жуниор, Хасани, Радески (75′ Абдурахими), Ибраими

ХЕЛСИНКИ: Дахне, Патронен, Рафиња, Пиринен, Саваж (78′ Валенчиќ), Далстром (67′ Обилор), Јаласто, Јалов, Ононо, Анан, Пелвас (76′ Менсах)

Се вчитува...