Различни вести за Клоп: Се враќа Салах, но „во аут“ се двајца стартери

Мохамед Салах е подготвен за камбек на терените откако најдобриот стрелец на Ливерпул поради повреда на скочниот зглоб го пропушти последното премиерлигашко дерби со Манчестер Јунајтед. Египетскиот напаѓач се повреди во финишот од претходниот меч со Лестер, но репрезентативната пауза беше добредојдена за него да успее да го санира проблемот и што поскоро да му се стави на располагање на Јирген Клоп.

Салах се појави на утринскиот тренинг, одработе стопроцентно со остатокот од тимот, по што доби зелено светло од лекарите и отпатува со остатокот од екипата за Белгија, каде Ливерпул утре ќе му гостува на Генк.

Тоа не беше случај со Трент Александер Арнолд и Жоел Матип, кои се повредија на дербито на „Олд Трафорд“, па воопшто не отпатуваа со екипата за Белгија. Во нивно отсуство, Клоп ќе им даде шанса од првата минута на Џо Гомез и Дејан Ловрен во одбранбената линија на „црвените“.

Се вчитува...