Размена: Милик во Атлетико Мадрид, Диего Коста во Наполи

Не е тајна дека Атлетико Мадрид за новата сезона во своите редови го посакува напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик.

Шпанските медиуми пренесуваат дека се почнати разговори за трансфер меѓу двата клуба, со тоа што од Атлетико на Наполи му нудат можност и за размена на фудбалери. Мадридскиот тим на Наполи, во замена за Милик, му го нуди искусниот Диего Коста кој во последно време е се помалку во плановите на Диего Симеоне.

„Коста би можел да ја заживее својата кариера во Наполи, а италијанскиот тим би добил и добра замена за Милик кој секако нема желба да го продолжи договорот со наполитанците“ – пишува шпанска „Марка“.

Единствен проблем за Атлетико Мадрид е платата за Милик која изнесува најмалку пет милиони евра по сезона. Но, и тоа се подготвени да го решат во директни преговори со фудбалерот.

Се вчитува...