Челниците на Реал Мадрид воопшто не се задоволни од Лука Јовиќ во неговата прва сезона во клубот по трансферот од Ајнтрахт. Тој не само што играше под очекувањата, туку дополнително ги ифрустрира „кралевите“ со непрофесионалниот однос, поради што Зинедин Зидан веќе дал зелено светло за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летниот преоден рок.
Арсенал покажува сериозен интерес да го доведе Јовиќ во Премиер-лигата, а челнците на Реал ќе се обидат да го искористат тоа нудејќи директна размена за Пјер Емерик Обамејанг. Одличниот африкански голгетер летово ќе влезе во последната година од договорот, јасно е дека не сака да ја продолжи соработката со „топчиите“, па лондонскиот клуб ќе биде принуден да го продаде.
Артета е свесен дека ќе мора да донесе нов врвен напаѓач, па во директна размена за Јовиќ „топчиите“ би добиле максимално перспективен голгетер. За потсетување, Јовиќ имаше феноменална сезона во Ајнтрахт пред да се пресели во Мадрид, па доколку во Арсенал можат да го извлечат најдоброто од него, би добиле решение за голетерските проблеми за еден подолг период.
Загреани за услугите на српскиот репрезентативец се и челниците на Наполи, кои во Јовиќ гледаат идеален наследник на Милик, кој летово ќе си замине од Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА