„Разочарани сме што го немамe Новак Ѓоковиќ на нашиот турнир“

Директорот на АТП мастерс турнирот во Индијан Велс, Томи Хас сè уште жали што Новак Ѓоковиќ не игра на првиот од турнир од серијата 1000.

Светскиот број еден беше спречен да дојде во Калифорнија, бидејќи САД сè уште не дозволуваат невакцинирани странци да влезат во земјата.

„Разочарувачки е тоа што го немаме Новак.Мислам дека Америка е единствената земја која сè уште има ограничувања и дека не можете да влезете во земјата ако не сте вакцинирани“, рече Хас.

Ѓоковиќ се обиде да добие ослободување за влез, но неговото барање беше одбиено. Новак пет пати славеше во калифорниската пустина, а последен пат играше во 2019 година.

Се вчитува...