Разочарување: Јунајтед никогаш во Европа не загубил на „Олд Трафорд“ со два гола разлика

Оле Гунар Солскјер го препороди Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата, но очигледно за Европа треба многу повеќе. „Црвените ѓаволи“ загубија од ПСЖ со 0-2 на „Олд Трафорд“ и поставија неславен рекорд. Првпат во историјата тимот е поразен на домашен терен со два гола разлика во меч од европските купови.

Статистиката е „убиствена“ за составот на Солскјер. Манчестер Јунајтед против ПСЖ упати само еден удар во рамките на голот, што е најслаб ефект од далечната 2005 година и дуелот со Милан.

Пол Погба заработи црвен картон и е прв фудбалер на Манчестер Јунајтед кој го оставил тимот на цедило во нокаут фазата од Лигата на шампионите по Нани, кој беше исклучен на диелот против Реал Мадрид во март 2013 година.

Се вчитува...