Разочарување во Фенербахче: Очекувавме многу, но очигледно Озил не е во форма

Доаѓањето на Месут Озил во Фенербахче го привлече вниманието на фудбалската јавност. Озил конечно го напушти клубот на Арсенал и дојде како големо засилување во истанбулскиот клуб, во кој сите имаат големи очекувања од него. Сепак, навивачите се повеќе покажуваат разочарување од неговите прикажани игри.

Фенер загуби три од петте натпревари со него, дојдоа на третото место на табелата и испаднаа од Купот.

Озил сè уште е без ефект и речиси да нема никаков придонес за Фенербахче. Фановите не се задоволни, но поранешниот напаѓач на овој клуб Ридван Дилмен, тврди дека на Озил му треба време и дека тој најдоброто од себе ќе го покаже од следната сезона.

“Не ни очекував дека ќе стори нешто во оваа сезона. Не е лесно да се игра фудбал повторно по 10 месеци. Му треба време да се прилагоди со соиграчите, но верувам дека сè ќе биде многу подобро следната сезона. Ја почитувам неговата посветеност”, рече Дилмен.

До крајот на сезоната има голем број на натпревари, па останува да се види како Озил ќе одигра во следните дуели, но засега она што го покажува е многу слабо во споредба со угледот што го има во светот на фудбалот.

Се вчитува...