Реакција на КК Тетекс: Ова ли е спорт? Специјалци не спасуваа за да не бидеме линчувани во Чаир!

Од КК Тетекс реагираат на условите и начинот на кој се одигра вчерашниот натпревар од Првата лига против екипата на Чаир 2030 во скопската општина Чаир.

Од тетовскиот клуб, преку соопштение до јавноста, информираат дека нивните млади кошаркари со специјалци морало да бидат извлекувани од Чаир за да не бидат линчувани, на крајот прашувајќи се дали вреди да се спортува во оваа држава.

„Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир во присуство од 50 полицајци плус и специјалци. На ист начин бевме и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани во Чаир. Не сакаме воопшти да нагласуваме дека навивачите не пцуеја на секаква основа за време на натпреварот. Плуакни, навредувани, гаѓани со лименки, а на сето тоа и противничките кошаркари удираа со се живо по нас на терен а нашите кошаркари воопшто не беа заштитени. КАТАСТРОФА… БРУКА е во ЧАИР воопшто да се игра кошарка. А, посебно прашање е дали Чаир е во Македонија? Ние се чувствувавме како да не сме во Македонија… ЖАЛНО … Црн ден за кошарката во МАКЕДОНИЈА“ – се вели во реакцијата на КК Тетекс кој го загуби натпреварот со 81-74.

Тетовци објавуваат и ВИДЕО преку кое се гледа начинот на нивното извлекување, со полициски возила, од Чаир.

Се вчитува...