Реакцијата на Роналдињо кога дозна дека излегува од затвор… (ВИДЕО)

Бразилецот Роналдињо го напушти затворот во Парагвај, во кој заврши на почетокот на март откако беше фатен со лажен пасош како влегува во земјата.

Иако му е предвидена казна затвор од шест месеци, Роналдињо мина само 32 дена. Преместен е во куќен притвор откако плати казна од 1,3 милиони фунти. Куќниот притвор ќе му биде всушност хотелот „Палмарога“ во главниот град на Парагвај.

А, парагвајската телевизија објави и видео на кое се гледа како судијата Густаво Амарила му се обраќа преку видеопорака и му соопштува дека го напушта затворот…

Се вчитува...