Реал и ВАР се најдобри пријатели: Ниту Пујол не сака повеќе да молчи

За Реал Мадрид и ВАР може да се каже дека се „најдобри пријатели“ затоа што „кралевите“ голем број победи остварија по асистенција на видео-технологијата. Последната синоќа од 2-3 на гостувањето против Бетис.

Карлос Пујол е познат како максимално коректен фудбалер кој секогаш го почитувал противникот, честитајќи на подобриот. Но, едноставно, како што вели, не може повеќе да молчи на тоа што се случува во Шпанија.

Пујол искажа незадоволство од судењето синоќа посебно во ситуацијата на користење технологија за исклучувањето на Емерсон, а потоа и по досудениот пенал за Реал.

Во првата контроверзна ситуација судијата свиреше офсајд, но по прегледот на ВАР-системот го исклучи Емерсон. На сето тоа Пујол имаше реакција…

Вториот спорен момент носи пенал за Реал по реакција на ВАР. Сигурен реализатор беше Серхио Рамос за победа на „кралевите“. По крајот на мечот Пујол испрати порака за сите во Барселона.
„Ќе мора да бидеме баш добри ако сакаме да победуваме. Верувам дека ова ќе биде предизвик и мотивација за екипата“ – порача Пујол.

Се вчитува...