Реал игра подобро надвор од Мадрид, ремек-дело на Герет Бејл

Реал Мадрид излезе од мини-кризата откако по двете нерешени средби на домашен терен „кралевите“ вечерва лесно и убедливо славеа на гостувањето против Реал Сосиедад со 1-3.

Тимот на Зидан игра многу полесно и поедноставно надвор од Мадрид, тоа беше случај и вечерва, па „кралскиот клуб“ целосно доминираше во однос на противникот, нанесувајќи му го на тимот од Сан Себастијан првиот пораз сезонава. Борха Мајорал доби шанса во отсуство на Бензема и Роналдо и младиот голгетер веднаш се запиша меѓу стрелците. Домаќините израмнија на 1-1, но следеше нова фурија на гостите од Мадрид откако најпрвин Кевин Родригез си постигна автогол, а потоа и Герет Бејл ја затресе мрежата на баскијците за точка на овој меч. Погодокот на Велшанецот беше вистинско ремек-дело откако претрча седумдесетина метри, за на крајот рутински да го совлада голманот Рули.

Реал Мадрид се уште заостанува четири бода зад Барселона на табелата во Примера, но „ловот“ на каталонците сигурно ќе биде полесен од следниот викенд, кога Зидан повторно на располагање ќе го има Кристијано Роналдо.

All Goals & Highlights HD – Real Sociedad 1-3… by Jek09Pre

Се вчитува...