Реал ја доби драмата со Асвел, Макаби го победи Жалгирис

Кошаркарите на Реал Мадрид продолжуваат со победите во Евролигата, триумфирајќи во 17. коло на гостувањето против Асвел со 76-77.

Во крајно израмнет меч, Асвел беше подобар низ првите три четвртини од играта, но во последниот период присуди квалитетот на шпанскиот тим кој во драматичен финиш, добивајќи ја последната четвртина со 19-26 дојде до победата од 76-77.

Волтер Тавареш со 16 поени и 12 скока беше најдобар кај Реал, а Винсент Поирие заврши со 17 поени и седум скока. Кај домашните се издвои Тимоти Кабаро со 20 поени.

Макаби триумфираше со 70-78 на гостувањето против Жалгирис. Американецот Небо со 22 поени ги предводеше Израелците до победата.

Се вчитува...