Реал Мадрид со сите сили на лето ќе тргне по услугите на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. „Милионерите“ за него бараат 130 милиони евра, за да го пуштат, а „кралевите“ имаат план како да дојдат до неговиот потпис.
Според германски „Скај Спорт“, европскиот првак е подготвен на „Вестфален“ да го испрати францускиот интернациналец Едуардо Камавинга, и плус 100 милиони евра за да дојде до потписот на играчот од средниот ред, кој е еден од најдобрите во моментов.
Единствена пречка, според „Скај“ може да биде дали Камавинга ќе се согласи да стигне во Дортмунд. Јасно е дека 20-годишникот не е задоволен од минутажата во Мадрид, но во исто време кажува дека нема намера да замине од Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА