Реал ќе лета со парите на „Флај Емирати“: 280 милиони евра за четири години на дресот

Европскиот првак Реал Мадрид очајно ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но за разлика од фудбалерите, претседателот Флорентино Перез ’игра’ одлично во бизнис зделките. „Кралевите“ потпишаа нов договор со авионска компанија „Флај Емирати“ и за четиригодишна соработка ќе инкасираат фантастични 280 милиони евра. Секоја сезона по 70 милиони евра за рекламирање на компанијата на дресот на Реал Мадрид.

Ова е најголемо спонзорство во европскиот фудбал. Манчестер јунајтед од „Шевролет“ годишно инкасира по 62 милиони евра, додека Барселона од „Ракутен“ добива 59 милиони евра.

Се вчитува...