Реал ќе се спаси, Анчелоти сака да ги купи Бејл и Родригез

Евертон го доведе Карло Анчелоти и почна да прави амбициозен проект кој беше прекинат проади светската криза со коронавирусот. Сепак клубот и натаму размислува за реконструкција на составот, а дел од желбите на италијанскиот тренер се Герет Бејл и Хамес Родригез.

Реал Мадрид кој секако сака да се ослободи од овие двајца играчи ќе ги разгледа понудите. Сепак реализацијата ќе оди тешко особено за Бејл кој има уште две години од договорот со „кралскиот клуб“, а дополнителен проблем ќе биде и неговата превисока плата. Велшанецот како да е решен да му води инает на Реал и не покажува преголема загриженост за тоа што не игра, со оглед дека секако ја добива платата.

Карло Анчелоти во периодот додека беше тренер на Реал Мадрид имаше добра соработка со двајцата играчи и успеал да ги убеди во Евертон да се обидат да ги привлечат со долгорочни договори.

 

 

Се вчитува...