Реал комплетен – сите повредени се враќаат за Еибар

Зинедин Зидан најде лек за резултатската криза на Реал Мадрид, а во меѓувреме исчезнаа и бројните проблеми со повредени играчи што стратегот на „кралевите“ ги имаше од самиот старт на сезонава.

Неделното гостување против Еибар треба да биде првиот овосезонски натпревар за кој Зидан ќе го има комплетниот тим на располагање, откако сите повредени фудбалери веќе неколку дена тренираа со остатокот од тимот и ќе бидат во комбинација за настап викендов.

Најважно од се е враќањето на Еден Азар, Белгиецот дури и успеа да се врати две седмици порано од првичните лекарски прогнози и сигурно ќе добие шанса за настап против Еибар. Покрај него во тимот ќе бидат и напаѓачите Јовиќ и Маријано Дијаз, кои остануваат резерви на Карим Бензема, но и Норвежанецот Одергард, кој ги надмина проблемите со повредата.

„Кралевите“ по трите победи во низа се искачија на делба на првото место на табелата во Ла Лига, со ист број бодови со Реал Сосиедад и со Атлетико Мадрид, но и два меча повеќе во однос на градскиот ривал.

Се вчитува...