Реал Мадрид конечно одигра добар натпревар сезонава и стигна до лесна победа од 4-1 во мечот против Хуеска. Капитенот на „кралевите“ одбележа јубилеј забележувајќи го 500 настап за тимот во Ла лига. Еден Азар по пауза од скоро четири месеци првпат беше во стартниот состав на тимот, а довербата од Зидан ја оправда со прекрасен гол во 40. минута. Само три минути подоцна Карим Бензема зголеми на 2-0.
Феде Валверде во 54. донесе предност од 3-0. Во 75. минута гостите преку Фереиро намалија на 3-1, а со својот втор гол во 90. минута Бензема ги постави конечните 4-1. Реал Мадрид со победата изби на првата позиција на првенствената табела со 16 бода, односно два повеќе од второпласираниот Реал Сосиедад. Хуеска останува 18. со пет бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА