Реал Мадрид бара спас во Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг ќе биде меѓу првите приоритети на Реал Мадрид во следниот преоден рок. Шпанскиот тим се мачи да ја пополни празнината што остана по заминувањето на Кристијано Роналдо и тренерот Зинедин Зидан проценил дека би требало да се доведе напаѓачот на Арсенал. Во Реал се надеваат дека би можеле да го добијат за 44 милиони фунти.

Габонскиот интернационалец наводно сака да си замине од Лондон и ги одолговлекува преговорите за нов договор. Сепак, Реал ќе треба да се бори и други големи клубови кои исто така покажаа интерес откако стана јавна желбата на Обамејанг за промена на средината. Во игра се и Барселона, Интер, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. Обамејанг има уште една година од договорот со Арсенал. Откако дојде во клубот има ипресивни 67 гола на 97 натпревари.

 

 

 

Се вчитува...