Реал Мадрид без Бејл и без Модриќ патува за Истанбул

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочи со многу проблеми пред патувањето за Истанбул на утрешниот меч против Галатасарај во Лигата на шампионите. Францускиот стратег мораше од составот да ги изостави Герет Бејл и Лука Модриќ поради повреди. Тие не играа ниту на натпреварот против Мајорка кој „кралевите“ го загубија со 1-0 во Ла Лига изминатиов викенд.

Тони Крос, Еден Азар и Дани Карвахал се враќаат во тимот на Реал Мадрид, тие исто така не беа дел од составот на дуелот со Мајорка.

Реал Мадрид по две кола има само еден освоен бод во групата А од Лигата на шампионите. „Кралевите“ загубија на гости од ПСЖ со 3-0, а дома одиграа 2-2 против Клуб Бриж.

Се вчитува...