Реал Мадрид без Куртоа против Жирона

Реал Мадрид вечерва против Жирона нема да може да смета на Тибо Куртоа. „Кралевите“ на својата веб-страница објавија повлекување на голманот во последен момент поради болест што ќе го спречи да патува со остатокот од експедицијата.

На овој начин најверојатно прв избор ќе биде Украинецот, Лунин што ќе биде негов седми натпревар во Ла Лига. Украинецот дебитираше против Осасуна на домашен терен (1-1)  во октомври, исто така поради проблеми со повреда на Куртоа.

На овој меч Анчелоти нема да смета ниту на Карим Бензема кој најверојатно ќе го пропушти и првиот натпревар против Манчестер сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...