Реал Мадрид без Ласо на важниот меч против Олимпијакос

Реал Мадрид оваа сезона претрпе сериозни промени во својот ротер поради кои мадридскиот клуб игра променливо во Евролигата. Тимот на Пабло Ласо „виси“ на осмото место на табелата во најсилното натпреварување на „стариот континент“ со скор од 18-17, една победа зад деветтопласираната Валенсија, ситуација во која што „белите“ долго време се немаат најдено.

За проблемите на Реал Мадрид да бидат поголеми, на денешниот клучен натпревар против составот на Олимпијакос (21 часот), играчите нема да можат да сметаат на еден од „најгласните“ тренери во лигата, Пабло Ласо кој одработува еден меч суспензија поради, како што стои во правилникот на лигата, ‘акција која представува недостаток на почит кон судискиот тим’.

Како потсетување, еден од трите најтрофејни тренери во Евролигата беше исклучен од средбата помеѓу Реал Мадрид и Ефес во претходното коло поради втора техничка грешки, а прекумерното протестирање за таа одлука, како и обраќањето во висок тон кон судиите на патот кон соблекувалната му донесе дополнителна казна.

 

Се вчитува...