Реал Мадрид без проблем дo предност против Басконија

Кошаркарите на Реал Мадрид со победа ја започнаа серијата во 1/4 финалето во Евролигата, совладувајќи ја на свој терен екипата на Басконија со 90-74.

Уште од самиот почеток „кралевите“ водеа, и тоа водство само го зголемуваа, за на крајот да стигнат до убедлив триумф. Басконија едноставно не беше достоен противник во овој прв меч, и сега Реал поведе во серијата, која се игра во три добиени натпревари.

Најефикасен кај „кралевите“ беше Муса кој постигна 16 поени, додека кај Бсконија Хауард беше најефикасен со 15 поени.

Серијата за два дена продолжува, и вториот меч се игра во Мадрид.

Се вчитува...