Реал Мадрид денеска го слави 120. роденден (ВИДЕО)

Најтрофејниот фудбалски клуб Реал Мадрид денеска го слави својот 120. роденден. На денешен ден во 1902 година беше формиран „кралскиот клуб“ кој во овој период од век и една петтина е најуспешниот во историјата на фудбалот.

13 титули во Лигата на шампионите, 34 во домашната Ла лига, како и 19 во Копа дел Реј се само дел од трофеите кои ги има освоено клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Секој фудбалер сака еден ден да биде дел од тимот кој во своите редови ги имал едни од најдобрите играчи на сите времиња. Од Алфредо ди Стефано и Ференц Пушкаш, преку Бутрагењ, Раул, Роналдо, Зидан, Бекам па се до Роналдо, Бејл, Модриќ се само дел од имињата кои ја одбележаа оваа ера.

 

 

Се вчитува...