Реал Мадрид до сигурен триумф против Олимпијакос

Кошаркарите на Реал Мадрид го добија дуелот со Олимпијакос со 94-78 во 18. коло од Евролигата. Домаќините беа поефикасни и речиси во текот на цекиот натпревар одржуваа позитива.

По првата четвртина шпанскиот тим имаше предност од 28-23. Во своја полза домаќините ја завршија и втората четвртина (26-23).  Кошаркарите на Реал Мадрид имаа минимална предност и во третата четвртина која ја добија со 18-17 и успеаја да останат во позитива и во завршниот дел.

Ентони Рендолф постигна 16 поени дополнети со осум скока, а кај Олимпијакос најефикасен беше Зак Лидеј со 15 поени и осум скока.

Во другите два денешни натпревари,  Анадолу Ефес го победи Химки (81-72), а Фенербахче беше поуспешен од Жалгирис (78-61).

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...