Реал Мадрид добива неочекувана помош за трансферот на Нејмар – „Најк“!

Неизвесноста околу Нејмар и неговата иднина не престанува да го „тресе“ светот, сите го чекаат моментот кога Бразилецот ќе каже „да“ на Реал Мадрид, или пак ќе ги изненади и ќе остане уште една сезона во Париз. По помалку од една година откако замина од Барселона и потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра со цел да излезе од сенката на Меси, Нејмар повторно е незадоволен и повторно се наоѓа пред нов ангажман, кој одново ќе ги помести границите во фудбалот.

Реал Мадрид го чека со раширени раце, претседателот Флорентино Перез со нетрпение го чека она „зелено светло“ за да може да започне преговори и да го доведе екс-фудбалерот на најголемиот ривал на „кралевите“ во Шпанија. Нема да биде прв пат, се случувале и директни трансфери од „Камп ноу“ на „Сантијаго Бернабеу“ и обратно. Овој трансфер не само што е возможен, туку би можел да се оствари многу побрзо и полесно од очекувањата. Имено, американскиот бренд за спортска опрема „Најк“, го има клучот за трансферот на Бразилецотво шпанската престолнина, како што имаше своја улога за преселбата на „Паркот на принцовите“.

Нејмар е еден од главните „манекени“ на „Најк“ и во иднина ќе биде маркетиншки број 1, според сите предвидувања. Веќе со години Кристијано Роналдо е заштитното лице на „Најк“, како што е Меси на ривалскиот „Адидас“, но кога нивната ера ќе заврши, Нејмар ќе биде без конкуренција, несомнено ќе биде фудбалерот со најмногу продавана опрема во светот. Американската компанија е подготвена да ја искористи вредноста на Нејмар со цел да ги спои идниот број 1 и најдобриот клуб во светот. „Најк“ ќе финансира дел од трансферот во Реал Мадрид и така ќе го искористи Бразилецот како билет за влез во „кралскиот“ клуб и да го тргне „Адидас“.

„Најк“ виде шанса за партнерство со мадридскиот клуб откако Реал одби да потпише 10-годишна соработка со „Адидас“ вредна една милијарда евра (100 милиони евра по сезона), бидејќи не сакаат да се обврзуваат на толку долго време. Иако соработката меѓу „Адидас“ и Реал трае од 1998 година, истата може да се прекине во 2020 кога им заврпува последниот договор. „Најк“ така ќе го искористи Бразилецот како билет за влез во „кралскиот“ клуб и да го тргне „Адидас“.

Тука „Најк“ ги вмеша прстите откако се понуди да финансира дел од трансферот во Реал Мадрид, односно да исплати 200 милиони евра од вкупните 400 милиони, сумата која ПСЖ наводно ја бара за да се одрече од најскапиот фудбалер на светот. Реал лесно може да дојде до останатите 200 милиони, веќе се предвидени неколку продажби. Пред заминување се Бејл, Иско, Себалјос, Љоренте, играчи од кои би заработиле доволно за да го доведат Нејмар.

Сепак, во Париз и натаму се надеваат дека Нејмар ќе се предомисли и ќе остане уште некои време во редовите на ПСЖ. Газдата Ал Келаифи моментално е во посета на повредениот фудбалер, кој својата рехабилитација ја прави во Бразил. Во разговор со Нејмар и неговиот татко, ќе се обиде да го убеди да остане, односно ќе донесат конечна одлука околу неговата иднина.

Се вчитува...