Реал Мадрид донираше милион евра за бегалците од Украина

Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид донираше еден милион евра за бегалците од Украина, преку фондацијата на клубот. Кампањата на фондацијата на клубот почна на 5. март, а ова ќе биде само дел од средствата кои ќе бидат префрлени за помош на украинскиот народ.

Црвениот крст распореди огромен човечки тим на границите на Украина. Дел од средствата собрани од кампањата на Фондацијата Реал Мадрид ќе бидат наменети за шпанскиот Црвен крст, кој работи во тесна координација со националните друштва во регионот и ја фокусира својата поддршка на: интегрирана помош и психосоцијална поддршка во Украина, во соработка со данскиот црвен Крст, во југозападниот регион на Украина и на границата со Романија, со дистрибуција на основни потреби и психосоцијална гриж. Во Шпанија, Црвениот крст ги посетува првите бегалци кои пристигнаа од Украина, за кои Фондацијата Реал Мадрид донираше спортска и рекреативна опрема за малолетници.

Кампањата „Сите со Украина“ на Фондацијата Реал Мадрид ќе остане отворена се додека е неопходно да се олесни каналот за директна донација што придонесува за ублажување на потребите на раселеното население и во Украина и во пограничните земји или при прием на бегалци во Шпанија.

Се вчитува...