Реал Мадрид e подготвен да издвои и милијарда евра за Килијан Мбапе

Килијан Мбапе и понатаму е голема желба на Реал Мадрид кој сега е подготвен да издвои и една милијарда евра за негов ангажман, пренесува италијанскиот медиуми „Газета дело Спорт“.

Младиот француски репрезентативец кој пред само година дена беше на прагот на мадридскиот клуб по продолжување на договорот со ПСЖ продолжи со фантастичните настапи и во новата сезона, а врвната класа ја докажа на Светското првенство во Катар каде постигна четири гола во финалето.

Од оваа сума 150 милиони ќе се издвојат за трансферот од ПСЖ, а сега 24-годишникот ќе заработи 626 милиони евра плата за четиригодишен договор со кои ќе стане далеку најплатениот фудбалер на светот. Останатата сума ќе се издвои за бонуси.

Се вчитува...