Реал Мадрид е првиот финалист во Купот на Кралот

Реал Мадрид се пласираше во финалето на Купот на Кралот откако во полуфиналето славеше против Валенсија по изведување на пенали.

Карим Бензема го отвори мечот со гол од белата точка во 39. минута, а резултатот 1-0 остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Истиот го промени Лино со гол во 46. минута, а мрежата остана недопрена до крајот на регуларниот дел од мечот и продолженијата па победникот беше одлучен во пенал рулетот.

Во него Кавани и Бензема отворија со голови во првата серија, a „кралскиот“ состав стигна до предност во втората серија кога Комерт промаши во својот обид, а Модриќ реализираше без проблем. Мориба и Крос беа успешни во третата рунда, Гиламон и Асенсио во четвртата, а промашувањето на капитенот Гаја значеше и крај на мечот.

Се вчитува...