Реал Мадрид го дава Бејл и без отштета, само да се ослободи од него

Суспендираната сезона поради пандемијата на коронавирусот не ги спречува големите фудбалски клубови да прават транфер-планови. Реал Мадрид размислува за следната сезона и според шпанската „Марка“ клубот решил да се ослободи од Герет Бејл дури и без да бара обештетување за него. Тој има уште две години од договорот и зема огромна плата од 15,4 милиони фунти која Реал Мадрид веќе не сака да му ја дава.

Дополнително и тренерот Зинедин Зидан не го сака во тимот. Тој беше пред трансфер во Кина, но заминувањето се изјалови во последен момент. Герет Бејл нема постигнато гол за Реал Мадрид од септември минатата година, а во 2020 одигра само три натпревари. Дополнителен проблем е и Брегзит.

По стапувањето на сила на регулативата за одвојување на Велика Британија од Европската унија, Бејл ќе држи позиција за неевропски играч во Реал Мадрид. Агентот на Бејл, пред извесно време рече дека Велшанецот ужива во главниот шпански град и оти нема намера да си оди.

Се вчитува...